Принцот Хари призна: Заради Меган Маркл сфатив што е расизам- бев во „нејзините чевли“ една недела

Војводата од Сасекс зборуваше за расизам во интервју со активистот на Црните животи, Патрик Хачинсон за магазинот GQ.

Хачинсон се најде на насловните страници претходно оваа година кога за време на протестот на БЛМ во Лондон носеше бел човек на рамениците за да го заштити. За време на разговорот со него, принцот Хари призна дека неговото заштитено детство не го подготвило за разбирање на проблемот со расизмот.

- Штом разберете, може да биде малку непријатно, но тогаш останува на вас да излезете и да се едуцирате, бидејќи незнаењето повеќе не е изговор. Имав воспитание и образование што ги имав, но немав идеја за што всушност станува збор - рече Хари.


- Немав идеја дека расизмот постои во толкава мера. Колку и да звучи тажно, ми требаа многу години да го реализирам тоа, особено кога еден ден или една недела поминав во чевлите на сопругата - призна Хари и истакна дека верува дека работите ќе бидат на подобро во иднина.

- Ни претстои многу работа. Но, искрено, чувствувам дека светот всушност оди во вистинската насока - рече тој.