„ПРОДОЛЖУВАМЕ, УСПЕШНО“ - АЗЕРБЕЈЏАН ГИ ИГНОРИРА молбите на СВЕТОТ: Веднаш престанете со КРВОпролевањето, „се вмешаа“ и Русите
Азербејџан продолжува со акцијата во Нагорно-Карабах и покрај повиците на светските сили и лидерите на ОН да се запре крвопролевањето.
Азербејџан соопшти дека воената операција во Нагорно-Карабах, нејзиниот отцепен регион контролиран од Ерменија, продолжува успешно и покрај повиците од светските сили и лидерите на ОН да се запре крвопролевањето. По неколкумесечни зголемени тензии во Нагорно-Карабах, спорниот регион во Јужен Кавказ, Азербејџан оваа недела испрати воени сили, засилени со артилерија, во обид да ја врати контролата врз регионот.
Воените мерки „успешно продолжуваат“ со уништување на оружје и воена опрема во тој регион“, објави азербејџанското Министерство за одбрана на платформата Телеграм. Нагорно Карабах е меѓународно призната како територија на Азербејџан, но со дел од неа управуваат сепаратистичките ерменски власти, кои ја сметаат за нивна татковина на предците.
Azerbaijan launched ‘anti-terrorist activities’ in the Nagorno-Karabakh region, saying it wanted to restore constitutional order and drive out what it said were Armenian troops, a move that could foreshadow a new war https://t.co/xTfXJp8GL2 pic.twitter.com/dIw1hbBUJR
— Reuters (@Reuters) September 20, 2023
Азербејџан започна „антитерористички активности“ во регионот Нагорно-Карабах, велејќи дека сака да го врати уставниот поредок и да ги истера, како што рече, ерменските трупи, потег што може да навести нова војна.
Ерменија тврди дека во регионот нема воени сили. Американскиот државен секретар Ентони Блинкен телефонски разговараше со азербејџанскиот претседател Илхам Алиев и ерменскиот премиер Никол Пашинјан, повикувајќи го Азербејџан „веднаш да ги прекине воените дејствија“ и да ја деескалира ситуацијата. Стејт департментот соопшти дека Алиев „ја изразил својата подготвеност“ да ги прекине непријателствата и да одржи состанок со претставници на Нагорно-Карабах.
Блинкен му рекол на Пашинјан дека Ерменија ја има целосната поддршка од Вашингтон. Руските новински агенции, повикувајќи се на канцеларијата на азербејџанскиот претседател, објавија дека Алиев му рекол на Блинкен дека Азербејџан ќе ја прекине операцијата дури откако ерменските борци ќе го положат оружјето и ќе се предадат.
Russian military base was completely destroyed by Azerbaijani shelling today in the #Karabakh region.
— World Times (@WorldTimesWT) September 19, 2023
All units of the #Russia's Peacekeeping force have reportedly withdrawn to their main base in Khojaly airport.#Armenia #Azerbaijan #NagornoKarabakh #Artsakh pic.twitter.com/id0npt98Az
Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш повика на „итен прекин на огнот“ откако Европската унија, Франција и Германија ја осудија воената акција на Азербејџан.
Ерменија зазеде големи делови од територијата во војната по распадот на Советскиот Сојуз, а Азербејџан врати голем дел од неа во шестнеделниот конфликт во 2020 година, кој заврши со прекин на огнот со посредство на Русија. Не е јасно дали операцијата на Азербејџан ќе предизвика војна со Ерменија.
Footage of Azerbaijani forces launching MLRS towards Nagorno-Karabakh earlier today#azerbaijan #Armenia#Russia #earthquake #Armenian #Warzone #Canada #CanadianPM #JustinTrudeau #Putin #WomenReservationBill #bbtvi #Armenia #bellashmurda #imole #bbtvi pic.twitter.com/NqbDaXw53H
— Ajtalks (@ajtalkshow) September 20, 2023
Русија се обидува да го задржи своето влијание во регионот, вкрстен со нафтоводи и гасоводи, наспроти зголемениот ангажман на Турција, која го поддржува Азербејџан. Сепаратистичките власти во Карабах соопштија дека во вторникот во азербејџанската воена операција загинале 27 лица, меѓу кои двајца цивили, а повеќе од 200 се повредени. Азербејџан објави дека две лица се убиени на териториите на Карабах под нивна контрола.
Извор. Мондо.рс