Промо депозит на Халкбанк – вистинската одлука за штедење
И овој октомври, во светскиот месец на штедење, Халкбанк АД Скопје го активира ПРОМО депозитот, кој нуди можност за орочување на средствата на 13 и 25 месеци.
Каматните стапки на ПРОМО депозитот се навистина атрактивни, со оглед на актуелниот момент и понудата на пазарот.
Па така, кај депозити орочени на 13 месеци, каматата изнесува 1 отсто за заштеди во денари, односно 0,80 отсто за депозити во евра. За орочување на период од 25 месеци, каматната стапка изнесува 1,30% за денарско штедење, односно 1% за штедење во евра. Каматите се фиксни за периодот на орочување, а минималниот износ на вложување е 30.000 денари, односно 500 евра.
По истекот на период на орочување главницата автоматски се реорочува, а каматата се исплаќа на трансакциска сметка. При реорочување, договорот се обновува со фиксна каматна стапка од генерално штедење согласно Одлуката за пасивни каматни стапки кои важат во моментот на реорочување.
Понудата за Промо депозитот, што е дизајниран токму за месецот за штедење, важи само во периодот од 1ви до 31ви октомври, 2021 година.
Ако уште не сте почнале да штедите, можеби треба да размислите да одберете ПРОМО депозит на Халкбанк и вашите средства да ги доверите на сигурен партнер. Искористете ја шансата бидејќи понудата важи до 31.10.2021 година.
ПР објава