Пронајдоа голема дупка во подот од спалната соба: А внатре... е внатре...

Џенифер Литл од Калифорнија преместуваше мебел во нејзината куќа, а под едно парче мебел ја дочека изненадување.

Таа пронашла голема темна дупка во подот од спалната соба. Кога нејзиниот сопруг се спуштил долу за да провери, тој бил уште повеќе изненаден.

Под нивната спална соба тие пронајдоа нуклеарно засолниште од 50-тите години опремено со кревети, тоалет, плакар и складилиште за храна.

Своето откритие Џенифер го покажа во неколку видеа објавени на ТикТок, а најпрво помисли дека станува збор за засолниште од Втората светска војна. Таа сепак откри дека засолништето е изградено во 1951 година и дека е всушност создадено од страв од нуклеарен напад за време на Студената војна.


"Во тоа време беше прилично нормално куќите да имаат засолниште. Луѓето толку се плашеа од нуклеарен напад, особено во Калифорнија која е многу изложена", објасни таа.


извор:index.hr