Овој филм се смета дека ќе биде еден од најскапите проекти бидејќи сепак се работи за помалку позната територија- вселената.
Драмата е наречена „Предизвик“ и е заеднички проект на руската вселенска агенција Роскосмос, државниот Прв канал и студиото „Жолто-црно-бело“. Снимањето на Меѓународната вселенска станица е најавено за наесен следната година. Режисер на филмот ќе биде Клим Шипенко.
Продуцентите одлучија главниот лик во првиот руски филм што ќе се снима во Вселената, сепак, да биде женски, иако претходно беше најавено дека ќе се одржи кастинг за глумци од двата пола.
Кастингот сеуште не е направен, но наскоро и тоа ќе се случи.
Актерите ќе мора да минат обука за астронаути и да добијат одобрение од Комисијата за летови при Роскосмос.