Прво тесен комплет, потоа широк фустан, не се знае што подобро ѝ стои: Иванка Трамп во модни комбинации за високи жени, кои се одлични за ова лето

Фустанот го комбинираше со широка сламена шапка и црни очила за сонце, што дополнително го нагласи нејзиниот дамски и летен изглед.
Русата коса слободно паѓаше на нејзините рамена, а целокупниот стил оставаше впечаток на класична елеганција со допир на италијански шарм.
Сепак, само вчера Иванка беше забележана во Венеција во раскошен комплет составен од тесен бел топ и здолниште со впечатлив црвен етно дезен. Таа го надополни овој привлечен outfit со мала плетена чанта и црни очила за сонце, додека косата ѝ беше собрана во елегантна пунџа.
Во обете изданија, таа изгледаше гламурозно и самоуверено, совршено вклопувајќи се во луксузниот амбиент на венецијанските канали и ексклузивните свадбени прослави.
Нејзиниот изглед не можеше да помине незабележан, а модните критичари едногласно го пофалија нејзиното чувство за стил кое ги комбинира класичната женственост со модерните детали.
Да ве потсетиме, сите светски „фаци“ моментално пристигнуваат во Венеција, веројатно за свадбата на Џеф Безос и Лорен Санчез, која ќе се одржи на 27 јуни на венецијанскиот остров Сан Џорџо. Суперјахтата на Безос, Кору, ќе биде прикотвена во близина и ќе се користи како база за прославите.
Цената на тридневната свадба надминува 10 милиони долари, а за превоз на гостите се изнајмуваат помали бродови.
Фото: Инстаграм
Извор: Najzena.alo.rs