Психоделичен рудник на сол: Вакво нешто не сте виделе

Длабоко под градот Екатеринбург, Русија, е една од нај шарените пештери во светот. Ѕидовите на овој напуштен рудник за сол се покриени со природни психоделични мотиви, кои се создадени од минерали во неколку бои. Мал дел од рудникот е сè уште во употреба, а потребна е посебна државна дозвола за посета на остатокот од овој подземен „шарен свет“.

Еден од луѓето што успеа да ја добие дозволата беше фотографот Михаил Мишаиник, кој мина повеќе од 20 часа истражувајќи го слабо осветлениот лавиринт, „фаќајќи“ ги фотографиите што можете да ги видите подолу.

Во рудникот денес има потенцијална опасност од истекување на гас од хемикалии како што се метан, водород сулфид, јаглерод диоксид, како и опасности од свлечиште. „Ризикот е дел од забавата и се чувствувате специјално на место каде што биле многу малку луѓе“, рече Михаил на крајот од својата посета.