Пуштен на слобода, a беше осуден на 505 години затвор: Зошто?

Судот во Лос Анџелес нареди на Хуан Карлос Церези (73), кој издржува затворска казна од 505 години за ненасилно кривично дело, казната да му се намали на годините што ги поминал зад решетки и веднаш да биде ослободен, пишува Си-Ен-Ен.

Хуан Карлос Церези е осуден за перење пари на 505 години затвор, односно до 8 јули 2419 година.

Тој беше еден од четворицата обвинети осудени во 1991 година на 505 години затвор за перење над 300 милиони американски долари од картел кокаин.

Сите четворица обвинети се жалеа на пресудата до Апелациониот суд, и тоа сè уште трае и е на чекање.

Сепак, адвокатите на Церези неодамна побараа нивниот клиент да биде ослободен од сожалување за неговата возраст и здравствена состојба. Тие наведоа дека Церези има висок крвен притисок и е подложен на посериозни форми на ковид-19.

Судот во Лос Анџелес донесе одлука Церези веднаш да биде ослободен и тој да биде под надзор на надлежните органи три години по излегувањето од затвор.

Судијата рече дека Церези е осуден за ненасилно кривично дело, дека веќе издржал 30 години затвор и покажал примерно однесување и нареди да биде ослободен, земајќи ги предвид неговата возраст и здравствената состојба.

извор:alo.rs