Работник од пеколот: По 14 години боледување направи неочекуван пресврт - Ја тужеше фирмата оти не добил покачување и регрес за одмор

Работник кој 15 години бил на боледување ја тужел IBM затоа што не му дала покачување на платата.

Иан Клифорд е на боледување од 2008 година, но тоа не го спречи да ја тужи IBM бидејќи не добил покачување. Виш работник во ИТ тврдеше дека бил жртва на дискриминација поради попреченоста.

Клифорд годишно добива повеќе од 62.000 евра врз основа на здравствениот план на компанијата IBM и ќе има загарантиран приход до 65-тата година од животот, што значи дека дотогаш ќе заработи повеќе од 1,7 милиони евра. Сепак, Клифорд тврди дека инфлацијата ќе го јаде неговиот приход.

Трибуналот за вработување ги отфрли неговите барања, при што судијата му рече дека му била дадена „многу значајна корист“ и „поволен третман“. Во 2000 година, Клифорд започна да работи во компанијата „Lotus Development“, која подоцна беше купена од IBM. На боледување заминал во 2008 година, а во 2013 година ја поднел првата тужба дека не добил покачување на плата, ниту добил регрес за годишен одмор. Во април 2013 година, беше постигнат компромис помеѓу Клифорд и IBM. Неговите поплаки беа решени со ставање на планот за инвалидитет на компанијата.


Според планот, вработениот не можел да добие отказ но нема обврска да работи. Вработен кој е во инвалидскиот план на компанијата има право да му се исплатат 75 отсто од договорената плата до закрепнување, пензионирање или смрт. Оттогаш Клифорд добива околу 62.000 евра годишно, што значи дека до својата 65 година ќе добие околу 1,7 милиони евра.

Врз основа на договорот, Клифорд се обврза дека никогаш повеќе нема да ја тужи компанијата во врска со зголемувањето на платите, годишните одмори... Но, во февруари 2022 година, Клифорд го одведе IBM до трибунал за вработување со нови тврдења за дискриминација за попреченост. Тој рече дека бил третиран „неповолно“ без зголемување на платата од 2013 година, со право на одмор и се спореди со вработен без инвалидитет на кој би му била исплатена целата плата за време на празниците. Тој изјави дека инфлацијата ќе му ги изеде приходите.

Судијата го отфрли неговиот случај.


Фото: unsplash/Твитер