Рада и сопругот направија мала подвижна куќа: Немавме пари, па го изградивме ова со љубов (ВИДЕО)
фото: Printscreen/ youtube/ Living Big In A Tiny House
Тие живеат со полни бели дробови во многу мала куќа, бидејќи за среќа не е потребно многу
Рада и Фил немале многу пари, а сакале да си изградат дом. Фил присуствувал на работилница каде научил како да направи мала куќа.
Двојката купила куќни материјали преку Интернет. Повеќето од нив биле делови од опожарени или целосно разурнати туѓи домови. Она што и двајцата сакале е да користат рециклирани материјали. Освен што заштедиле, направиле и еколошки дом.
Куќата им е подвижна, бидејќи е на тркала, т.е. приколка. За изградбата е користено дрво и еколошки материјали. Куќата е широка околу 2,5 метри и долга околу 7 метри. Во неа има дневна, кујна, бања и една спална соба.
Пред куќата Рада засадила зеленчук, па парот ужива во природа. И кога ќе почувствуваат потреба да „се преселат“, ја „закачуваат“ својата куќа за автомобилот и се селат на нова локација.
ВИДЕО: