Ракот го зеде за 5 месеци: Познатиот спортист (40) почина веднаш по венчавката, ова се симптомите на болеста

Поранешниот фудбалер Боби Пауер почина од рак на панкреасот по неговата венчавка, ова се симптомите

Боби Пауер (40) беше во форма со која ретко кој може да се пофали. Семејството и пријателите знаеја дека ништо не може да го спречи да оди во теретана три пати неделно, а во деновите кога не крева тегови, одеше на планинарење.

Поранешниот фудбалер на англискиот клуб „Манчестер Јунајтед“ беше роден спортист и кога замина во „фудбалска пензија“, продолжи да тренира редовно.

На тој начин Боби стана мотивациски фитнес гуру, тој исто така уживаше да вежба на отворено, да биде во природа и да оди на пешачки патувања. Не можеше ни да замисли дека болеста ќе го однесе со незамислива брзина. Знаеше дека нешто не е во ред кога се врати од планинарење целиот летаргичен.

View this post on Instagram

A post shared by BOBBY POWER (@100.percent.or.nothing)


Набрзо почнал да го губи апетитот, а кога се појавило пожолтување на кожата, дијагнозата брзо била утврдена. Му се топеа мускулите. Сепак, дури ни мајката на Боби не можела да поверува дека болеста ќе биде толку брза. Кога нејзиниот син ѝ кажал дека му бил дијагностициран рак на панкреасот, таа му рекла: „Нема шанси... ќе живееш 110 години“. За жал, мајка му погреши.

„Како да почнам?... Ќе се обидам да ви кажам што е можно пократко“, ја започна Боби својата исповед на Инстаграм на крајот на септември минатата година. „Пред седум недели си легнав навечер, нормално... и наутро се разбудив малку нерасположен... не бев гладен, а кога пробав да јадам, ми се гадеше... ова траеше три дена... кожата и очите ми пожолтеа...

View this post on Instagram

A post shared by Tommi C (@tommicrazy)


Петтиот ден решив да одам во болница... два пати се онесвестив додека чекав... ме стабилизираа и заспав исцрпен... вториот ден направија магнетна резонанца... третиот ден, дојде доктор и ми кажа дека имам рак на панкреасот... до тој момент веќе изгубив 14 килограми“, напиша Боби на Инстаграм.

Решил да се бори, ги издржал сите зафати што му предложиле лекарите.

„Тој сакаше да живее за своите три ќерки од првиот брак“, вели мајката Естрела. Се бореше до крај да најде лек за себе. Лорен (20), Кејтлин (19) и Хајди (12) беа со татко им на свадбената церемонија кога тој се ожени со својата сакана од средно училиште, Џема Пауер-Блис. Само неколку недели подоцна, Боби почина.


„Тој беше човек кој зборува со сите, секогаш дружељубив и во центарот на вниманието каде и да оди“, напиша ќерката Кејтлин во својата порака на социјалните мрежи и кратко видео на неговиот Инстаграм профил, симболично наречено - „или 100 проценти или ништо“. 


Извор: lepaisrecna.mondo.rs