Разликата од 25 години не беше пречка да уживаат во љубовта: Мајкл Даглас не се смири додека не ја освои, а овој момент беше клучен


Славниот пар оваа година слави 24 години брак, а според актерот тие денес се позаљубени од кога било досега.

Холивудскиот актер Мајкл Даглас (79) со години е еден од најпосакуваните мажи во филмската индустрија, но главно бил зафатен. Тој во 2000 годинасе развел од својата прва сопруга ДиандраЛукер со која беше во брак од 1977 година, а истата годинасе ожени со колешката Кетрин Зита Џонс (54) која беше 25 години помлада од него.

Во меѓувреме, двојката имаше две деца, преживеа многу подеми и падови, а актерката му беше најголемиот поддржувач на Даглас за време на неговата борба против ракот.

Тие досега споделија некои детали за нивната љубов и брак, а актерот сега откри дека уште од самиот почеток бил свесен дека Кетрин е љубовта на неговиот живот.

Тој гостуваше во емисијата Лорен каде кажа дека велшката актерка и тој денес се позаљубени од било кога, а сподели и симпатична приказна за тоа како почнале да се зближуваат.

-Знаеш, Кетрин сака голф. Тоа е всушност она што не направи многу блиски. Работите одеа добро и тогаш ја прашав: „Што мислиш за голфот?“, а таа рече: „Ох, ми се допаѓа голфот!“, а јас реков: „Дали?“. Беше премногу добро за да биде вистина – изјави актерот.

Тој истакна дека токму тогаш сфатил дека Кетрин Зета Џонс е „вистинската“.

Постои позната приказна која Мајкл Даглас и ја кажал веднаш штом се запознале: „Сакам да бидам татко на твоите деца“. Двојката се венчаше во Њујорк во 2000 година, а подоцна ги доби синот Дилан (23) и ќерката Керис (20).

Фото:youtube