Размислувате да почнете сопствен бизнис? Прилагодете го на трендовите на 21. век
Ако размислувате да почнете сопствен бизнис, не сте единствени со таа идеја; истражувањата покажуваат дека стравот од неуспех во претприемништвото забрзано се намалува од година во година.
Притоа, иако сме сведоци на екстремно брзи промени во светот на работењето, постојат индустрии што нудат силни сигурносни мрежи и со тоа се докажаа како екстремно отпорни и во време на најголемите глобални турбуленции.
Еден од овие сектори е директната продажба, воспоставена уште на почетокот на 20. век кога претежно млади мажи во Америка почнаа да им продаваат производи од врата на врата на потенцијални клиенти.
ПРИХОДИ ОД ДИРЕКТНА ПРОДАЖБА
Денес, директната продажба е современа индустрија што ги има на располагање сите дигитални алатки, но она што е и понатаму пресудно е одржувањето индивидуализиран пристап со секој клиент, што заедно со дигиталните алатки претставува идеална комбинација поради која е директната продажба толку успешна и во 21. век.
На глобално ниво, компанијата Herbalife Nutrition оваа година во првите шест месеци оствари 2,6 милијарди долари, што претставува раст од 8 % во однос на истиот период во 2019 г.
КАКО ДА ИЗГРАДИТЕ СВОЈ БИЗНИС?
Луѓето што ќе одлучат да вршат директна продажба, освен тоа што остваруваат приход од продажба на производи, може да развијат и да водат тим од независни Членови, а тоа е начин на кој луѓето што сакаат да бидат претприемачи може самостојно да изградат сопствен бизнис.
Денес, луѓето сè повеќе ја ценат флексибилноста. Важно им е да може да работат кога сакаат, колку сакаат и како сакаат. Се разбира дека им е важно и да бидат соодветно платени за целиот труд што го вложуваат. Економијата на директна продажба создава нови можности за луѓето, под услов да ја изберат вистинската компанија со која ќе го градат својот бизнис.
Каде и на кој начин сакаат да работат современите луѓе?
Форбс неодамна објави едно истражување спроведено на 1.000 луѓе што работат на далечина. Резултатите покажаа дека мнозинството од овие луѓе се чувствуваат многу попродуктивно во споредба со луѓе што работат во канцеларија.
Друга студија што ја спроведе универзитетот во Сингапур покажува дека 9 од 10 вработени лица сакаат делумно да продолжат да работат од дома и откако ќе поминат овие наметнати трендови на глобално ниво. Во ова истражување учествуваа 9.000 вработени лица од речиси 90 сингапурски компании.
Според ова, истражувањата јасно покажуваат дека современите луѓе сакаат сами да поставуваат услови кога станува збор за работа. Затоа, горенаведените податоци за раст на приходот во индустријата на глобална продажба не се воопшто изненадувачки. Ако спаѓате во категоријата луѓе што сериозно размислуваат за идејата да почнат свој бизнис, останува прашањето на кој начин и со што помал ризик да создадете свој бизнис во кој сами ќе ги поставувате условите.
ЗОШТО Е СОРАБОТКАТА СО HERBALIFE NUTRITION ТОЛКУ ДОБАР ИЗБОР?
Еден од најважните чекори е да изберете сигурен партнер во директната продажба. Компанијата Herbalife Nutrition е пионер на нашиот пазар. Herbalife нуди можност сами да одлучите колку време и труд ќе вложите во својот независен бизнис. А, заработката секогаш ќе зависи исклучиво од трудот, вложеното време и личните вештини.
Начинот да почнете Herbalife бизнис е едноставен и не е потребно претходно искуство. Не сте условени да купите минимална количина производи, а цената на Herbalife пакетот за Членство е поволна. Покрај тоа, Herbalife ви нуди и гаранција за враќање на парите.
*ПР објава