Ѝ рекол на жената дека оди на риболов. Но, таа се посомневала во неговите зборови...

Мажот и се јавува на сопругата дома на телефон и ѝ вели:

„Драга, одам на риболов со мојот шеф и неговите пријатели. Се надевам дека ќе добијам покачување. Можеш ли да ми ја спакуваш облеката за неколку дена? Не заборавај на трската и целата опрема за риболов. Сега ја напуштаме канцеларијата, но ќе дојдам до куќата за да си ги земам работите. Да, и некоја нова свилена пижама“.

Жената се сомневала во оваа приказна за риболов, но секако го исполнила барањето на сопругот. По неколку дена, сопругот се вратил, уморен, но задоволен.

Жената веднаш прашала каков бил уловот.

„Ох, добро, многу црвеноперка, крап, па дури уловив и неколку штуки! Но... зошто не ми ги спакуваше свилените пижами? Те замолив…"

„Направив сè како што рече.. пижамите ти беа во кутијата со приборот за риболов...“


Фото: unsplash