РЕКОРД ЗА ГИНИС: Исече 68 зрна грозје со меч за една минута, балансирајќи на даска

Дејвид Раш, од Ајдахо, го собори Гинисовиот рекорд повторно со самурајски меч со кој успеа да исече 68 зрна грозје (фрлени кон него) додека стоеше на даска.

Дејвид Раш, кој претходно постави рекорд за исечени 57 зрна грозје, рече дека побарал помош од соседот Џонатан Ханон за да постави нов Гинисовиот рекорд.

Затоа што Давид дознал дека во меѓувреме, некој го срушил рекордот од 57 зрна исечени со меч за една минута

Соседот Ханон го фрла грозјето во воздухот со двете раце, додека Раш застана на даската балајќи и со меч го сече грозјето.

Раш, инаку, собори повеќе од 150 Гинисови рекорди во промоцијата на СТЕМ образованието, и со овој Гинисов рекорд за сечење грозје со меч, тој успеа да го врати рекордот со сечење вкупно 68 зрна грозје за една минута.