Реновирана експозитурата на Шпаркасе Банка во Охрид – Нова ера на модерни услуги и одржлив развој

Шпаркасе Банка со гордост ја информира јавноста дека вчера беше успешно реотворена нејзината реновирана експозитура во Охрид. Со речиси 70.000 клиенти во Југозападниот регион, од кои 30.000 се во самиот Охрид, Банката останува столб на финансиската стабилност и раст во оваа заедница.
Новата целосно реновирана експозитура се простира на површина од приближно 400 метри квадратни и е резултат на инвестиција од над 260.000 евра. Во исклучително краток рок, со силна посветеност, успешно беа завршени сите градежни зафати, при што услугите кон клиентите се одвиваа непречено и без прекин. Реновирањето се реализираше во две фази, со внимателно планирање и логистика, при што беа ангажирани повеќе од десет локални компании – што дополнително ја потврдува посветеноста на Шпаркасе Банка кон поддршка на локалната економија и развојот на градот.
Експозитурата е дизајнирана според највисоки стандарди за енергетска ефикасност и одржливост. Подовите се изработени со carbon-free технологија, а градежните материјали се еколошки и енергетски ефикасни. Инсталираните системи за ладење и греење користат напредна wind-free технологија за максимален кориснички комфор. Дополнително, експозитурата е дел од зграда што користи обновливи извори на енергија, што ја прави целосно енергетски независна.
Просторот е организиран во согласност со современ групациски концепт, кој пружа пријатен простор за прием на клиенти – сè со цел да се овозможи врвно корисничко искуство. Воедно, во експозитурата се наоѓа и уметничка галерија, која ја збогатува културната понуда и го афирмира локалниот талент.
Клиентите на Шпаркасе Банка во Охрид имаат пристап до целосна палета на банкарски услуги, меѓу кои:
·Постојано достапна 24/7 АТМ зона,
·Отворање и водење сметки и депозити,
·Дигитално потпишување документација преку ONEID-системот,
·Денарски и девизен платен промет,
·Издавање дебитни и кредитни картички,
·Кредитирање за население и за правни лица,
·Услуги поврзани со хартии од вредност – како тргување на домашен и на странски пазар,
·Користење граѓански сефови за дополнителна сигурност,
·Полиси за осигурување,
·А наскоро и депозитни машини за уплата на дневен промет.
„Со оваа инвестиција уште еднаш ја потврдуваме нашата долгорочна посветеност кон регионалниот развој и задоволството на нашите клиенти. Ние не само што обезбедуваме финансиски производи и услуги, туку и создававме услови што придонесуваат за економскиот раст и одржливиот развој на Охрид, како и подобрување на секојдневното корисничко искуство. Шпаркасе Банка освен што е пазарен лидер во Охрид и опслужува повеќе од 30.000 клиенти, истовремено е и е симбол на градот, и горди сме што ја носи оваа улога со целосна посветеност и иновација. Новата модерна експозитура не само што претставува симбол на иновативност и одржливост, туку и создава инспиративна работна средина во која нашите вработени ќе уживаат, ќе се чувствуваат мотивирано и ќе имаат уште подобри услови за постигнување нови успеси“, изјави Нина Неданоскa, заменик-претседател на Управниот одбор на Шпаркасе Банка.
Во јубилејната година во која Штаермеркише Шпаркасе слави 200 години постоење, Шпаркасе Банка како дел од оваа австриска групација, ја зацврстува својата посветеност кон клиентите и пазарот во Охрид, поддржувајќи ги и населението и корпоративните клиенти со кредитно портфолио вредно над 40 милиони евра и удел од 40% во корпоративното кредитирање.