Рибари виделе огромна ЦРНА ТОПКА во морето: Кога се приближиле и сфатиле што е, побегнале веднаш

Даг Ридланд лови риба веќе 27 години и вели дека никогаш не видел нешто слично

Бизарната сцена е снимена на отворено море северно од норвешкиот остров Андоја, длабоко во Арктичкиот круг.

Шокираните рибари виделе огромна „црна топка“ како лебди во морето и претпазливо се приближиле да видат за што се работи. Недолго потоа сфатиле каква опасност демне.

Рибарот Ридланд објасни дека го држел чамецот на растојание од 100 метри бидејќи се плашел од „експлозија“.

„Тоа беше труп од кит кој со текот на времето стана надуен од заробените гасови. Не се доближивме, а се надевам дека нема да стигнат до брегот. Ако експлодира, смрдливи делови ќе летаат на сите правци“, рече тој.

Ридленд лови риба веќе 27 години и вели дека никогаш не видел нешто слично.

„Тој штрчеше најмалку три метри над водата. Сум видел многу мртви китови, но никогаш толку големи“.

Шокантното видео се појави на Фејсбук и ги шокираше корисниците. Многумина ги опишаа остатоците од морскиот цицач како „џиновски балон“.

Истражувачот Тиу Симил ја посетил локацијата и рекол дека не се приближил премногу, пишува Дејли мејл.

Тој додава дека оваа појава се јавува по смртта на животните, бидејќи бактериите произведуваат метан, како дел од процесот на распаѓање на ткивото, кој се акумулира и не може да се ослободи.

Китовите се најекстремниот пример поради нивната големина.

(Telegraf.rs)