Роби Вилјамс нема возачка дозвола, а троши милиони на луксузни автомобили
Вилијамс објасни дека тој никогаш не бил заинтересиран за возење и дека никогаш нема да полага возачки испит, сè додека другите го возеле.
Популарниот пејач Роби Вилијамс (46) трошел богатство на автомобилите што некогаш ги имал, како и на петте луксузни автомобили што сега ги поседува, а интересно е што пејачот нема возачка дозвола.
Тој истакна дека во младоста бил фасциниран од луксузни машини, па купил неколку парчиња одеднаш, без оглед на цената.
- Проблемот беше што во тоа време бев со Елтон Џон и бев воодушевен од неговата гаража, во која беа вклучени Ферари, Астон Мартин и неколку други луксузни автомобили. Бев млад и бев многу импресиониран - изјави Вилијамс.
- Нарачав пет парчиња за себе истиот ден. После неколку дена, се прашував за што ми требаа овие, па наскоро ги продадов - додаде Роби во интервјуто за британско радио шоу.
На прашањето како е можно тој да нема возачка дозвола, Вилијамс објасни дека тој никогаш не бил заинтересиран за тоа и дека никогаш нема да полага возачки испит, сè додека другите го возеле.
Роби и неговата сопруга Ида Филд го добија четвртото дете, син кого го именуваа Бо Бенедикт Ентовен.
Покрај него, тие ги имаат едногодишната ќерка Колет, петгодишен син Чарлтон и седумгодишната наследничка Теодора.
Извор: telegraf.rs
Фото: Инстаграм
Со парите не може да се купи здравје: Тажната приказна на Роби Вилијамс