Родителите на починатите деца во Кочани доаѓаат на протест во Скопје

Родителите на загинатите деца во дискотеката „Пулс“ во Кочани за утре најавуваат уште еден протест под мотото „Марш на Ангелите“, но овој пат во Скопје.

„Ние, родителите на починатите деца, ќе организираме МАРШ НА АНГЕЛИТЕ на ден 29.04.2025 година (вторник) со почеток во 12 часот и 05 минути како симболика за задоцнета реакција во Скопје. Маршот ќе започне пред обвинителството во Скопје, ќе продолжи на градскиот плоштад во Скопје и ќе се продолжи пред собранието на Македонија“, објавија од таму.

-Ние заслужуваме одговори, ние не сме познавачи на правото и на законските процедури и затоа не разбираме како познавачите на правото притвораат па пуштаат, па свесни ли се дека и онака целосно разнишаната доверба во досегашното институционално работење со фати - пушти, без да имаме јасно образложение за таа законска процедура што се создава во нашите мисли, кои и онака се на работ на самоуништување. Бараме одговори кои ги заслужуваме за насилната смрт на нашите деца.

Да нема забуни, манипулации и политизирање!!!

Се повикуваат сите граѓани на Македонија за присуство и подршка на семејствата на починатите деца, браќа, сестри, сопружници, членовите на омилениот бенд ДНК кои таа кобна ноќ 16.03.2025 год. трагично загинаа во пожарот во Кочани!!!“, објавено е во повикот.