Сакате свежи морски плодови за 7 евра, а од гепек вадите патлиџани: Црногорците остро одговорија на сметка на своите услуги

Црногорците решија да ги окарактеризираат барањата на Србите кои доаѓаат на одмор како „нереални очекувања“...

Кога почнува летната сезона, туристите повторно се шокирани од цените во Црна Гора, а сега популарната страница на Тик Ток од Црна Гора објави кратко видео со наслов „како туристите очекуваат да изгледаат цените во оваа земја“. 

Изгледа дека Црногорците во објавениот клип некако се пошегувале на сметка на туристите кои би сакале да уживаат во својот одмор, но дека тоа да ги чини што помалку.

„Стан со поглед на море 20 евра. Лежалки цел ден 5 евра. Свежи морски плодови 7 евра. Изнајмен автомобил 20 евра. Секој ден нови постелнини“, ги опишаа „нереалните“ очекувања на гостите.


Коментарите секако не изостанаа.

Очекуваме да не мразите што дојдовме, да се насмеете, да не гледате како шетачки паричници... па и да се вратиме... а се троши секаде...“, напишал корисник на оваа мрежа. 

фото:принтскрин тик ток