Samsung соработува со Google,партнери за апликации и Android развивачи за да овозможи непречено преклопувачко искуство со Galaxy Fold
Ажурирани се стотици апликации достапни преку Google Play и Galaxy Store со цел овозможување непречено и преклопувачко искуство
Samsung Electronics Co., Ltd. ја открива иднината со првиот мобилен
уред од ваков тип: Galaxy Fold. Работиме заедно со нашите
партнери и заедницата на Android развивачи за да
дизајнираме комплетно ново преклопувачко искуство за корисниците, со што го означуваме почетокот на
новата ера во мобилната технологија.
Напорите за да се дизајнира ова софтверско искуство за Galaxy Fold започнаа во април 2018 година. Како дел од овој процес, Samsung разви потполно нов UX и беше во тесна соработка со Google за да обезбеди интегрирана поддршка за оперативниот систем од Android.
„Не само што изградивме нов хардвер кој ја дефинира самата категорија, туку работевме заедно со поголемите партнери за да дизајнираме и испорачаме едно сосема ново мобилно искуство како и да го поттикнеме екосистемот кој на корисниците им овозможува пристап до најдобрите апликации и услуги”. – вели ЕС Чунг,EVP и Раководител на Софтвер и AI, Бизнис Мобилна Комуникација во Samsung Electronics. „Станува збор за софтверска иновација која вклучува импресивен UX и потполно нова перспектива на UI за овозможување непречено искуство“.
Од воведувањето на Infinity Flex Display во SDC 2018, Samsung и Google поставија тест–лаборатории во различни градови низ светот – од Сеул, до Mountain View, сè до Пекинг – со цел соработка и охрабрување на партнерите и развивачите за тестирање и потврда дека апликациите и услугите се оптимизирани за Galaxy Fold и екосистемот на Android. Покрај тоа, Google ги претстави промените во Android 10 кои нудат подобрена подесувачка активност на големината, развиена мулти-функционалност и ажуриран Android Емулатор кој може да поддржи префрлање на повеќе видови на дисплеи – отворајќи ја вратата за идно оптимизирање на преклопениот уред. Сега, апликациите кои Android корисниците ги познаваат и сакаат се ажурирани за испорака на извонредно искуство со Galaxy Fold и можност за преклопување.
„Заедно со партнерите на екосистемот, како што е Samsung, имаме можност да испорачаме едно потполно ново корисничко искуство кое може да го трансформира начинот на кој ги користиме нашите паметни телефонски уреди. Ни беше задоволство да бидеме во тесна соработка со тимот на Samsung и развивачката заедница на Android за да се осигураме дека корисниците на Galaxy Fold го имаат најдоброто искуство при користење на самите апликации и услуги“, рече Сагар Камдар, Директор за Управување со Производи за Android во Google.
Стотици апликации беа оптимизирани за Galaxy Fold, вклучувајќи ги услугите од водечките партнери како што се Amazon Prime Video, App in the Air, Facebook, iHeartMedia, Microsoft, Spotify, Twitter, VSCO и многу други.
„Возбудени сме да соработуваме со Samsung за да им ги овозможиме на членовите на Prime омилените емисии, филмови и спортски натпревари во живо на Galaxy Fold“, рече БА Винстон, глобален директор за репродукција на дигитално видео и технологија во Amazon Prime Video. „Овозможувањето на апликацијата Prime Video на Galaxy Fold ќе им даде на потрошувачите нов начин со кој ќе можат да ги искусат Amazon Originals како што се Tom Clancy’s Jack Ryan и The Marvelous Mrs. Maisel со Multi Window и Multi Resume.”
„App in the Air го прави процесот на патување беспрекорен и ефикасен и со партнерството со Samsung Galaxy Fold ја покажуваме нашата посветеност за проширување на оваа технологија преку врвни медиуми, достигнувајќи до нашата заедничка публика на иноватори, креатори и претприемачи.“ – Бајрам Анаков, Извршен Директор на App in the Air. „Нашата соработка со Samsung ни помогна во изградување на поширок екосистем на услуги за нашите верни корисници – со што сме воодушевени од почетокот на ова партнерство со овој почитуван бренд“.
„Возбудени сме за проширувањето на долгогодишното партнерство со Samsung преку поддршка на нивната работа и развојот на иновативното искуство за потрошувачите“, рече Марк Шедроф, Потпретседател за Развој на Бизнисот во Facebook. „Новиот Samsung Galaxy Fold има потенцијал да придонесе во новата ера на дизајнот и ќе биде возбудливо да се видат новите можности кои ќе ги отклучи за корисниците на овој преклопувачки уред“.
„Како што беше и последниот пример на нашата постојана посветеност за заеднички иновации со Samsung, возбудени сме што сме партнери во лансирањето на Galaxy Fold“, рече Мишел Лавен, Претседател на Групацијата за Стратешко Партнерство во iHeartMedia. „Со мулти–активната функција на прозорецот, корисниците на iHeartRadio ќе можат непречено да го искусат слушањето, без притоа да мора да се префрлаат од една апликација, во друга. Ова исто така се вклопува со нашата цел за обезбедување на аудио плејбек искуство без попречувања за вашите омилени радио станици во живо, podcasts како и прилагодени Artist Radio станици.
„Office 365 е изграден за да им помогне на луѓето да го максимизираат своето време додека ја вршат нивната омилена работа – без оглед на тоа каде се и кој уред го користат“, рече Џон Тинтер, CVP за Бизнис и Развој во Microsoft. „Возбудени сме да го прошириме Office искуството за Samsung Galaxy Fold и да им помогнеме на луѓето при нивната лична продуктивност“.
„Со гордост го продолжуваме нашето партнерство со Samsung и новиот Galaxy Fold“, рече Стен Гармарк, Потпретседател на Производи за Потрошувачи во Spotify. „Fold-от ќе ја искачи продуктивноста на мобилната телефонија до нови височини и ќе овозможи искуство на непречено Spotify слушање за сите наши корисници. Едноставно, отворете ја претходно вчитаната апликација Spotify за да се конектирате и слушајте низ екосистемот на Samsung. Наоѓањето на омилените песни и плејлистите во Spotify како што се Discover Weekly или Podcasts како што се и Jemele Hill’s Unbothered сега стана уште полесно!“
„Возбудени сме да го продолжиме нашето партнерство со Samsung и да го прошириме искуството на Twitter за Samsung Galaxy Fold. Со нетрпение очекуваме да видиме како луѓето на Twitter ќе се впуштат во ова склопувачко искуство и да ја видиме неговата еволуција со тек на времето“, рече Брент Хоровиц, Потпретседател на Глобално Партнерство на Производи во Twitter.
„Нашата мисија во VSCO е да им помогнеме на сите да се вљубат во својата креативност, да градиме алатки и простор за постигнување на истото. Возбудени сме да ја продолжиме соработката со Samsung и насекаде да изградиме подлабоко и пошироко искуство за креаторите“, рече Брајан Менсон, Главен Бизнис Директор во VSCO.
Со функции како беспрекорен континуитет на апликации (App Continuity) и повеќе прозорно активирање (Multi-Active Window), можете да пребарувате, гледате, поврзувате и да работите со мулти-таскинг како никогаш досега. Со Galaxy Fold, можете беспрекорно да се префрлите од поклопецот на главниот екран и на револуционарен начин да работите и играте на повеќе апликации истовремено, со 7.3 инчниот дисплеј на Galaxy Fold.
Овие и уште многу други врвни апликации се сега достапни на Android екосистемот за Galaxy Fold во Google Play и Galaxy Store.
За повеќе информации во врска со Galaxy Fold, посетете ги веб страниците news.samsung.com/galaxy, www.samsungmobilepress.com, или www.samsung.com/global/galaxy/galaxy-fold.