Сцена како од „Ајкула“: Искусен нуркач за влакно ја избегна смртта, го нападна големо бело морско куче...

Мислев дека е мртов. Кога ќе ве удри големо бело куче долго пет метри, тоа е нешто што речиси и не го преживувате, вели тимот кој ги сними овие кадри...

Искусниот нуркач и експерт за ајкули Џим Партингтон за влакно ја избегнал смртта додека го снимал документарниот филм „Големиот бел отворен океан“ во Тихиот Океан, пишува британски DailyMail.

Беше на отворено море, потопен во мал проѕирен поликарбонат базен, од каде ги следеше движењата на големо бело морско куче. Животното, барем во првите моменти, беше многу повеќе фокусирано на помалите риби кои беа во близина на кафезот. Но, тогаш почна да кружи околу Џим…


На почетокот, Џим му кажува на тимот дека гледа ајкула, а потоа им кажува како почнала да удира во кафезот.

Неколку моменти подоцна, ајкулата успеала да го пробие кафезот. Таа го „промашила“ нуркачот за сантиметар. Џим почнал се побрзо и побрзо да плива до бродот каде што била филмската екипа за да се спаси од разбрануваното море.


- Мислев дека е мртов. Кога ќе ве удри големо бело куче долго пет метри, тоа е нешто што е речиси невозможно да се преживее. Но, Џим успеа да преживее. Без гребнатини. Тоа е неверојатно - вели Џеф Кур, директор на програмата „Shark week“, која ќе вклучува документарен филм за Партингтон и додава:

- Ништо не можевме, можевме само да го гледаме како се обидува да отплива.


Кафезите, како што често гледаме во ваквите потфати, тврди Кур, само најчестиот блеф...

- Со свои очи видов дека кршат алуминиумски кафези, челични... Кафезот е блеф. Сметаме на фактот дека кога ајкулата ќе почувствува нешто необично во водата, таа ќе си оди и ќе се повлече. Ова беше кафез од поликарбонат, направен од силна пластика. Минуваше низ него како нож низ путер. Никогаш не сум видел такво нешто во мојата тридецениска кариера.


Фото: Твитер