Се будите среде ноќ и се борите повторно да заспиете: Научниците велат дека сега знаат зошто тоа се случува
Најновата студија потврдува дека човечкиот мозок не е прилагоден да биде буден по полноќ. Сепак, има една работа. Што е тоа...
Многу докази сугерираат дека човечкиот ум работи поинаку во текот на ноќта, а истражувачите веруваат дека нашиот деноноќен ритам во голема мера влијае на промените што се случуваат во нашиот мозок.
Најновата студија сега открива зошто во текот на денот нашите молекуларни нивоа и мозочната активност се подесени за да не' одржуваат будни, додека навечер телото бара да спиеме.
Зошто е тоа така?
Причината лежи во фактот што луѓето порано биле многу поефикасни во лов на дневна светлина, додека ноќта била време за одмор. Меѓутоа, луѓето биле полесен плен и ноќе. За да се справиме со овој ризик, еволуцијата со текот на времето го „засили“ и вниманието што луѓето го имаат ноќе. Така почнавме да се будиме од звуци и шум...
Кога на ова вкоренето однесување ќе се додадат современите проблеми како стресот и несоницата, целата ситуација станува уште поголем проблем кој понекогаш може да доведе до фатални исходи.
Авторите на новата студија наведоа пример на студент кој по неколку непроспиени ноќи почнал да се чувствува безнадежно и осамено. Исто така, авторите наведуваат дека ризичните однесувања, вклучително и самоубиството, се почести во текот на ноќта, поточно помеѓу полноќ и 06:00 часот.
Научниците заклучија дека е неверојатно колку малку знаеме за начинот на кој функционира човечкиот мозок, без разлика дали е заспан или буден. Но велат дека засега едно е сигурно, кога нема доволно сон во текот на ноќта, информациите се обработуваат поинаку, а за тоа е заслужна еволуцијата.
Студијата е објавена во Frontiers in Network Psychology.
извор:nationalgeographic.rs