Се ожени пејачот Виктор Апостоловски: Романтична свадба со сите адети

Пејачот Виктор Апостоловски од Битола кој стана познат по музичкото шоу „Македонски Идол“, денес прави свадба.

Тој на почетокот на оваа година, својата избраничка Милена Доневска, ја побара за жена на патување во Турција.

Денес на социјалните мрежи неговите блиски, а и тој самиот споделува дел од атмосферата од веселбата, каде може да се види дека тој прави свадба со сите адети. 

На едно од видеата тој истура со нога чаша со вода, а мајка му фрла бели невестински бонбони, како што е редот кога се испраќа младоженец кој оди по невестата. 

Пејачот се пофали дека по саканата на нивниот најубав ден оди со црвен олдтјмер, кој е соодветно невестински украсен. 

Инаку, Виктор носи елегантен црн костим, со сатенски детали и шешир кој дава специфична нота на целиот негов аутфит. 
Додека невестата е како излезена од бајка и изгледа како принцеза.


Фото: Инстаграм - Стори - Виктор Апостоловски