Забава // Занимливости
Се шири бизарна слика на патријархот Иринеј и свештеник што го прска стаклото над неговото лице
- 23 Ноември, 2020
По ставањето стакло од страна на организаторите на погребот на патријархот Иринеј кој беше прицврстен на ковчегот за верниците да не можат да го бакнуваат, се појави уште еден проблем - верниците почнаа да го бакнуваат стаклото.
Дека ова беше барем многу лоша идеја во ерата на коронавирусот, на сите им е јасно, и се чини дека православните свештеници не останале со целосно скрстени раце.
Твитер шири бизарна слика на ковчег кој целосно го покажува лицето на починатиот Иринеј. На сликата, еден од свештениците го дезинфицира стаклото над починатиот, кого го бакнуваа стотици верници.
„Кога средството за дезинфекција ќе стане света вода“, напиша едно момче во коментарите под сликата.
Nadrealizam pic.twitter.com/wcrqxW9w77
— Rush (@rushtheawful) November 21, 2020