Се шири фотографија од таткото и убиецот Коста во воени униформи спремни за пукање или симулација на игра во која се „убива“

Веродостојноста на фотграфијата не е позната, како и дали е направен фотошоп или е користена друга комјутерска алатка. Затоа апелираме на претпазливост затоа што се шират и невистини околу самиот случај. 

На фотографијата се гледа наводно неговиот татко и веројатно Коста кој е маскиран, а носат војничка униформа и како да се спремни за пукање или одат на лов или пак се вклучени во игри кои симулираат пукање и убивање.

Фотографијата привлече големо внимание на социјаните мрежи, но ако е веродостојна, тогаш целиот процес може да има сосема друг пресврт и да заземе друга насока.

За потсетување, страшната трагедија се случи во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар, кога ученик (13) уби девет лица, од кои осум ученици, а повреди седум - шест ученици и еден професор по историја.