„Се смеев и плачев истовремено“: Ќерката на Џеј Рамадановски го кажа своето мислење за филмот „Недела“
![](/media/main/2024/01/20240129103039.jpg)
Марија Рамадановски, ќерка на починатиот пејач Џеј Рамадановски, во своето последно интервју ги сподели своите впечатоци од филмот „Недела“, снимен според биографијата на нејзиниот татко.
- Филмот го видов на премиерата и можам да кажам дека сум задоволна од она што го видов. Бев среќна и тажна во исто време што гледав филм за него. Актерите беа одлични, би ги пофалила сите. Татко ми имаше многу бурен и разновиден живот, па да траеше филмот пет часа, немаше да може да се прикаже неговиот живот во целост – изјави Марија за медиумите.
- Работите се вистинити, сцените се вистинити … На некои настани се смеев, дури и плачев. Имаше многу животни работи што ни ги кажа, но не беа прикажани, но би ја издвоила сцената со јагнето, која ме воодушеви, за која и тој постојано зборуваше. Татко ми никогаш не претендирал да биде ѕвезда, легенда. Секогаш велеше дека самиот Господ ти го дава тоа што треба. Од филмот се гледа и дека тој пеел дома, и дека никој не можел да претпостави што ќе стане подоцна. Сè е до судбината и до Бога. Како што е кажано, така ќе биде. Што се однесува до колегите на тато, секој има право на свое мислење, јас не би се мешала во тоа – изјави ќерката на Џеј и додаде:
- Сега од оваа перспектива разбирам дека требаше да поминам многу повеќе време со него и многу ми е жал поради тоа – заклучи Рамадановска.
Фото:screenshot