Се срамам, свесна сум за жртвите што ги дадоа луѓето: Рита Ора се извини за грешката
"Здраво на сите, присуствував на мало дружење со пријателите за да го прославам мојот 30-ти роденден. Беше одлука набрзина со погрешна проценка дека се откажуваме од карантинот и дека тоа ќе биде добро. Длабоко жалам што ги прекршив правилата и разбирам дека тоа ги става луѓето во ризик. Ова беше сериозна и непростлива грешка во проценката. Со оглед на ограничувањата, сфаќам колку овие постапки беа неодговорни и преземам целосна одговорност “, напиша познатата пејачка Рита Ора во својата сторија на Инстаграм.
Инаку, откако наиде на јавна осуда за организирање тајна забава по повод нејзиниот 30-ти роденден и со тоа ги прекрши мерките за заклучување, таа се извини.
Во пораката до обожавателите, пејачката напишала дека и е жал за сериозната и непростлива грешка, а извор открил и дека доброволно платила казна од 10.000 фунти.
"Особено сум засрамена со оглед на тоа колку луѓето напорно работеа во борбата против оваа страшна болест и свесна сум за жртвите што ги дадоа луѓето и компаниите за да бидат сигурни дека сите се безбедни. Иако ова нема да поправи ништо, сакам искрено да се извинам", рече таа.