Се сруши најголемиот радиотелескоп во светот: Барал вонземјани и шпионирал Руси (ФОТО)

Најголемиот телескоп се урна синоќа, користен за шпионажа за време на Студената војна и за потрага по вонземски живот

Еден од најголемите радиотелескопи во светот, кој се наоѓал во опсерваторијата Арекибо во Порторико, се срушил во текот на ноќта, известува Националната фондација за наука (NSF).

Овој телескоп од 305 метри, кој се користеше за бројни астрономски откритија, досега успешно издржа на урагани, земјотреси и тропски бури. Сепак, судејќи според штетата што ја претрпе сега, телескопот повеќе не е функционален, а опсерваторијата пропадна пред планираното уривање.

Инженерите утврдиле дека се расипале сите три потпорни кули што го чувале телескопот, што предизвикало уривање на платформата за инструменти тешка 900 тони. Колапсот се случи само неколку недели откако Националната фондација за наука објави дека ќе го демонтира телескопот откако претрпе непоправлива штета претходно оваа година.


- Тажни сме поради оваа ситуација, но благодарни сме што никој не беше повреден. Кога инженерите ја советуваа NSF дека структурата е нестабилна и претставува опасност за работните тимови и персоналот на Аресиб, ние сериозно ги сфативме нивните предупредувања. Нашиот фокус сега е на проценка на штетата и изнаоѓање начини да продолжиме да ја поддржуваме научната заедница во Порторико “, рече директорот на НСФ, Сетураман Панчанатан.

Опсерваторијата Арекибо, претставена во филмот „Златното око“ на Џејмс Бонд, е изградена во 1963 година и ја водеше НСФ од 1970 година. Радио телескопот лоциран во опсерваторијата беше уникатно дизајниран да бара сигнали за вонземски живот, но исто така беше користен и за целите на воената шпионажа за време на Студената војна.


Фото: Твитер/Reuters

Можеби ќе ве интересира:

Шокантно: Фотографирал чудовиште кое ги мачи жителите со векови? (ФОТО)