Секој ден ја пие својата урина: „Ми ја излечи депресијата, ја крие тајната на долг живот и младешки изглед!“

Тој тврди дека конзумирањето урина е исклучително здраво и дека сите негови проблеми исчезнале кога ја започнал оваа практика.

Додека повеќето сè уште го бараат „еликсирот на младоста“, одвреме-навреме се јавуваат и оние кои наводно го откриле. Еден од нив е Британецот Хари Матадин, кој од 2016 година редовно ја пие сопствената урина и тврди дека на тоа му го должи својот младешки изглед и добрата психофизичка состојба. Една од причините зошто 34-годишникот почнал да пие урина биле неговите ментални заболувања како социјалната анксиозност, која, како што вели, се лекувала со урина. Според него, конзумирањето урина е исклучително здраво, а сите негови проблеми исчезнале кога ја започнал оваа практика, па затоа Матадин веќе долго време е вистински амбасадор на пиење сопствена урина, која постојано ја промовира на социјалните мрежи. Тој тврди дека во моментот кога се напил од сопствената урина – мозокот му се разбудил и закрепнал од депресијата со која се борел долго време.

„Почувствував мир, спокојство и решителност. Мислев „па тоа е бесплатно и можам засекогаш да бидам во оваа среќна состојба на умот“, откри тој и додаде дека неговата урина е „супер чиста“ и дека секој ден ужива во околу 200 милилитри... Свежата урина никогаш не е толку лоша, веројатно мислите дека таа всушност има неутрален мирис, а ако немате многу лоши животни и прехранбени навики нема ни лош вкус. Ми се допаѓа мирисот и вкусот на мојата застојана урина, поради невролошката реакција што ја доживувам кога ја ставам во стомакот“, објасни тој.


Сепак, и покрај овие „чисти придобивки“, Хари се соочува со негативни реакции од семејството и пријателите поради неговиот начин на живот. „Моето семејство никогаш не го одобри тоа и од почетокот мислеа дека е одвратно. Сестра ми не зборува со мене, а една од причините е мојата уринарна терапија. Знам како реагираат луѓето, па веќе долго време избирам пријатели и се дружам само со луѓе кои самите пијат урина или барем го одобруваат тоа“, рече тој.


Освен што пие урина, Хари ја трие и по лицето и ја користи за нега на кожата, тврдејќи дека му помага да остане млад. „Урината ме прави да изгледам младо. Пиењето на стара урина го ревитализираше моето лице. Старата урина е најдобрата храна за кожата што сум ја нашол досега, ја омекнува и ја одржува еластична, па затоа е единствената нега што ја користам“, вели Хари. 

Општиот лекар Џеф Фостер, за режимот на Хари за Mirror изјави: „Урината е отпаден производ кој содржи околу 90% вода. Останатите се амонијак и соли, бактерии и други отпадни производи. Не се познати пријавени здравствени придобивки од пиење или триење на сопствената урина на кожата, а пиењето е многу полошо и може да го забрза процесот на дехидрација и потенцијално да ве зарази со бактерии. Отпадните производи се отпад со причина!“.


Фото: Инстаграм

Извор: Вечерни лист