Семејството во шок: Метеорит паднал врз куќата, го пробил покривот и завршил во спалната соба

Фото: Hopewell Township Police Department

Метеорит удри во куќа во Њу Џерси. Семејството е шокирано од фактот дека тој го пробил покривот и завршил во спалната соба.

Семејство од Њу Џерси вели дека се во шок откако метеорит им го пробил покривот. Кристин Лојд вели дека метеоритот завршил на подот од семејната куќа на нејзиниот татко во градот Хоупвел.

Метеоритот го пробил покривот, поминал низ таванот и завршил на подот, вели таа. Но, тоа не бил крајот на неговата траекторија, додава таа, бидејќи тој се одбил и повторно удрил во таванот, завршувајќи на второто место на подот.

Парчето кое „патувало“ низ нивниот семеен дом е со големина од 10 на 15 сантиметри. Факултетот за наука на Универзитетот во Њу Џерси потврди дека делот дошол одозгора.

„Возбудени сме што можеме да потврдиме дека објектот е вистински хондрит метеорит“, рече шефот на одделот за физика, Нејт Меги.

Семејството вели дека во моментот на ударот во куќата немало никој. Сестрата на Кристина, Сузи Коп, го пронашла необичниот камен и го подигнала, пишува ABC News.

Го нашла во спалната соба


„Беше жешко! Мислев дека е камен однадвор. Зошто би бил во спалната соба?“, рекла Коп.

Не знаејќи што друго да прават, повикале полиција. Полицијата ги повикала агенциите да го тестираат необичниот објект за радијација.

Откако било оценето дека е безбедно, тие се обратиле кај експерт.

„Добив порака од колега во која пишуваше дека полицијата во Хоупвел ќе ми се јави. Помислив, зошто?“ се насмеала геофизичарката Шенон Греам, д-р на Универзитетот во Њу Џерси.

Таа рече дека врз основа на фотографиите и описот смета дека објектот е метеорит. „Тој исто така опиша што направил со куќата, а јас реков: „Па, дошол со голема брзина“, рече Греам.

Тестовите за густината на материјалот ќе откријат повеќе, вели таа. Полицијата соопшти дека настанот би можел да биде поврзан со повеќенеделниот дожд од метеори наречен Eta Aquarids кој моментално е активен.


 Фото: Твитер