Сезоната на крадците е во полн ек: Што крадат најмногу на плажа?
Ако мислевте дека крадците се во потрага по вашите паричници, тогаш сте се излажале...
Кога сме на плажа
сите сакаме да сме опуштени, среќни и насмеани. Поради тоа често знаеме
премногу да се опуштиме и да престанеме да обрнуваме внимание на работите околу
нас, а токму тогаш се појавуваат крадците кои не сметаат како лесен плен. Крадците
по плажите се многу вообичаена работа и ги има насекаде по светот, но своите
мети внимателно ги набљудуваат и го одбираат вистинскиот момент кога да ги
украдат работите, додека луѓето се во вода или кога едноставно вниманието им е
пренасочено кон нешто друго.
Иако, за крадците е познато дека омилени им се паричниците и други вредни работи, овој пат тие имаат друга цел, а тоа се клучеви од кола.
Крадците сега исклучително бараат плажи кои се наоѓаат покрај големи паркинг места, а потоа ги крадат клучевите од колите на посетителите. Бидејќи денес повеќето автомобили се отвараат преку далечински клуч, тие многу лесно можат да го пронајдат автомобилот и да го отворат со клучот кој го украле.
Обично одбираат поскапи и луксузни автомобили и ги носат на скриени места каде ги расклопуваат и ги продаваат деловите. На овој начин тие заработуваат огромни количини на пари, а сопствениците дознаваат дека се без автомобил, дури на крајот од денот кога се спремни да си одат од плажата.
Поради тоа ви препорачуваме да водите сметка за клучевите од вашиот автомобил и никогаш да не ги оставате вашите работи без надзор.