Шеф Марк прослави роденден: Еве што си посака

Шеф Марк, кој на македонската јавност и е познат по кулинарното шоу „Брза Кујна“ го прослави својот 54 роденден. 

Марк во свој стил се заблагодари на изненадувањето и рече: „Желба... што да барам повеќе те имам тебе (мислејќи на неговата сопруга) и сите други околу мене. Најсреќен сум денес имам 54, немам 54 имам 45, а во главата имам 30, доста е, ве сакам“.




Инаку, според фотографиите кои Марк ги сподели на својот Фејсбук профил тој и неговата сопруга Василка Димовска во моментот се на одмор во убавиот Сплит во Хрватска.


Фото: Фејсбук - Марк