Шокантни тврдења на принцот Хари за врската со брат му: Ја навреди Меган, па ме нападна
Принцот Вилијам се нафрлил на својот брат Хари и го соборил на земја заради
Меган Маркл, откриваат извадоци од неговите мемоари „The Spare“.
Принцот Хари и Меган Маркл не престануваат да ја шокираат јавноста со признанија од животот на британското кралско семејство, кое го оставија во 2020 година. По серијата „Хари и Меган“, која изненади многумина, сега помладиот син на кралот Чарлс во својата автобиографија објави дека неговиот брат, принцот Вилијам, го нападнал и го соборил на земја!
Принцот Хари ја нарече својата книга „Spare“, осврнувајќи се на фразата за кралските семејства кои секогаш имаат најмалку две деца - престолонаследникот и „резервниот“. Во книгата напишал дека принцот Вилијам физички го нападнал и го соборил на земја и ја навредувал Меган Маркл.
- Во нашата куќа во Лондон во 2019 година дојде до расправија, му кажав дека се однесува нерационално, а тој ја нарече Меган тешка, непристојна и кавгаџика. Му одговорив дека како папагал ми го повторува тоа што печатот го пишува за неа, а потоа тој почна да вика по мене - се присетил принцот.
- Ме фати за јака, ми го скина ѓерданот и ме фрли на земја. Паднав на садот за вода на нашето куче, кој се скрши. Имав видливи повреди, модринки и исеченици од парче сад, на грбот. Зашеметен лежев на подот, потоа станав му реков да излезе надвор. Вилијам ми одговори - ајде, возврати ми. Така се каравме кога бевме деца. Одбив и тој си замина, малку подоцна се врати и се извини. Тој се сврте на излезот и ми рече дека Меган не треба да знае за инцидентот. Прашав, дали мислиш на нападот? Тој ми одговори дека не ме нападнал – напишал Хари, пренесува Мондо.
Принцот Хари понатаму пишува дека првично не ја информирал Меган за нападот, туку прво го повикал својот терапевт. Меган Маркл дознала за тепачката дури кога ги забележала повредите на неговиот грб.
Извадоци од книгата објави британски Гардијан, а Дејли Меил пишува дека е голема мистерија како новинарите успеале да дојдат до копија од автобиографијата на принцот Хари, бидејќи издавачот „Пингвин Хаус“ презел многу мерки за да не „протече“ ниту еден збор.
Книгата „Spare“ на принцот Хари излегува на почетокот на следната недела и веќе е однапред на листата на бестселери на веб-страницата „Амазон“.