Шпаркасе Банка станува генерален спонзор на Кошаркарската федерација на Република Северна Македонија за Првата женска кошаркарска лига, која ќе го носи името „Sparkasse Life Прва лига жени“

Шпаркасе Банка АД Скопје и Кошаркарската федерација на Република Северна Македонија официјално потпишаа договор за соработка, со кој Шпаркасе Банка АД Скопје станува генерален спонзор на Првата женска кошаркарска лига. Од новата сезона, лигата ќе го носи името „Sparkasse Life Прва лига жени“, што претставува значаен чекор кон поддршка и унапредување на женската кошарка во државата.

Женската кошарка во нашата држава со години се соочува со низа предизвици како недостиг на финансиска поддршка и низок интерес од јавноста. Последниот поголем успех датира од 2012 година, кога нашата репрезентација го освои второто место на Европското првенство за мали земји. Сето ова е значаен показател за потребна поддршка за раст и развој на спортот.

Со ова партнерство, Шпаркасе Банка АД Скопје презема улога на двигател на позитивна промена. Спонзорството доаѓа преку платформата Sparkasse Life, чија цел е поддршка на општествено одговорни, инклузивни и инспиративни општествени вредности.

-„Драго ни е што денес стоиме зад еден исклучително значаен чекор за македонскиот спорт. Партнерството со КФСМ е потврда на нашата долгорочна заложба за еднаквост и инклузивност, вредности што се длабоко вградени во корпоративната култура на Шпаркасе Банка. Преку платформата Sparkasse Life, вложуваме во разни области во заедницата и подаваме рака и нудиме долгорочна поддршка. Преку ова спонзорство, сакаме да дадеме ветер в грб на иднината на женскиот спорт и сакаме да пратиме јасна порака: До вас стои партнер што верува, поддржува и создава услови за успех“ – изјави Александар Џорџевиќ, член на Управниот одбор на Шпаркасе Банка.

Името „Sparkasse Life Прва лига жени“ ќе биде симбол на верба во потенцијалот на секоја девојка, на секој тим и на секоја спортска сала низ државата.

-„Нашата визија отсекогаш била создавање рамноправни услови за развој на сите категории и овој договор е голем чекор во таа насока. Соработката со Шпаркасе Банка претставува историски момент за женскиот спорт во нашата земја, а поддршката што ја добиваме преку платформата Sparkasse Life е стратегиска, суштинска и долгорочна бидејќи сите средства ќе се искористат за развој на женската кошарка. Со новото име „Sparkasse Life Прва лига жени“, женската кошарка добива нов идентитет, нова енергија и заслужено внимание. Заедно, праќаме јасна порака дека веруваме во потенцијалот на жените во спортот и дека сме тука да го поддржиме нивниот пат до врвот“ – изјави Младен Ѓуроски, потпретседател на КФСМ. 

Шпаркасе Банка АД Скопје, членка на Групацијата Штаермеркише Шпаркасе со повеќе од 200 години традиција, преку платформата за општествена одговорност Sparkasse Life активно поддржува проекти и иницијативи што придонесуваат за развој на заедницата, унапредување на младите, спортот, културата и еднаквите можности во општеството.

ПР објава