Штедел 30 години, па семејството го стави во тестаментот: Кога видоа за што се работи, се фатија за глава

Сите понекогаш ги одвојуваме металните пари настрана и ги ставаме во касичка, за да заштедиме пари, но Германец собирал монети скоро 30 години. Кога почина во мај годинава, неговото семејство наследи над милион монети, тешки вкупно два и пол тони. Толку многу „метал“ им зададе повеќе грижи отколку радост.

Во времето кога почнал да собира монети, германската валута сè уште беше марката. По воведувањето на еврото како официјална валута, Германија стана една од земјите кои одлучија дека нејзината поранешна валута - германската марка, сепак ќе има вредност, односно дека ќе може да се менува за еврото на неодредено време.

Благодарение на тоа, семејството на покојниот камионџија доби можност да ги искористи наследените метални пари. Членовите на семејството ги однеле торбите полни со монети во една провинциска банка, која парите ги препратила до Централната банка на Германија, чиј вработен Волфганг Кемерајт морал да ги изброи сите монети за да ја дознае сумата.

„Секоја паричка ми помина низ прсти, но сакам да го правам тоа, па тоа не ми беше проблем“, изјави Волфганг. Содржината во една кеса ја броел за еден час.

Но, бидејќи ова не му била единствената работа во банката, тој ги броел парите од мај до неодамна, односно цели шест месеци. Кога пребројувањето завршило, на семејството му рекол дека наследиле вкупно околу 16.000 германски марки или 8.000 евра.


Фото: unsplash