Што им е на сите- љубомора ли? Има и брчки и години, се негува и е кој друг ако не Џеј Ло

Латиноамериканската дива отсекогаш нагласувала дека е поддржувач на природната убавина и интензивната нега на кожата, а тоа може да се каже дека на „големо се исплати“, бидејќи изгледа како да е дваесет години помлада.

Холивудската мултиталентирана убавица Џенифер Лопез не престанува да биде главна тема на медиумите речиси триесет години. Таа има „по нешто за секого“; глуми, пее, танцува, позира за најпрестижните брендови, има свој личен бренд на козметика, смело си поигрува со модата, едноставно кажано - оваа жена е сестрана.

Во ерата на ширење на пластичната хирургија, таа остана лојална на цртите на лицето, постојано истакнувајќи дека е против естетските зафати - ботокс и хијалурон. 

Иако многумина велат дека сепак прави нешто- па и да прави, тоа е минимално и ни налик како силиконските дами.

Сега на својот „Инстаграм“ профил објави видео во кое гордо ја покажува својата совршена кожа без акни, со минимални брчки, погодна за триесетгодишна жена, а не за жена која навлегува во шестата деценија од животот. Видеото покажува сјајна, хидрирана и природно затегната кожа.


- Без филтер. Сето тоа сум јас, на 54 години. Блескам и среќна сум – напиша таа под објавата.

Нема сомнеж, дивата изгледа како божица, а дали тајната е во гените или во совршената рутина за нега на лицето, никогаш нема да дознаеме – можеме само да се восхитуваме!

View this post on Instagram

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)


(Ona.rs)

Фото. Инстаграм