Што му подари Боно Вокс на претседателот? А што Џон Ленон на Mаршалот?

Летото 1999 година, најголемиот активист за мир меѓу рок sвездите, Боно Вокс, пејачот на групата U2, му испрати на Фрањо Туѓман необичен подарок. Имаше две маслинови гранчиња во прекрасно издлабена долгнавеста дрвена кутија.

Тие беа придружени со порака потпишана специјално од ирскиот пејач: „Почитуван претседател, јас ви ги испраќам овие две гранчиња со надеж дека ќе ги засадите во паркот во вашата резиденција и со тоа симболично ќе придонесете за градење мир во светот“.

Хрватскиот претседател беше еден од педесетината светски државници кои Боно ги избра да учествува во неговата мировна кампања, пред се заради глобално препознатливата улога на Туѓман како непоколеблив миротворец.

Триесет години порано, летото 1969 година, еден од најпознатите активисти за мир и една од најголемите поп-рок sвезди на сите времиња, Џон Ленон, основачот на Битлси, му испрати на Јосип Броз Тито необичен подарок. Во малата метална кутија имаше два желади. Кутијата беше придружена со порака специјално потпишана од Џон Ленон и неговата сопруга Јоко Оно: „Маршалот Јосип Броз Тито, претседател на СФРЈ! Ви ги испраќаме овие две живи скулптури - желади - со надеж дека ќе ги засадите во вашата градина и ќе ги одгледувате како два дабови во чест на мирот во светот. Тие го испратија истиот подарок на адресите на 50 истакнати светски државници, односно на луѓе за кои сметаа дека можат да придонесат за градење мир во светот преку нивниот ангажман.

Хрватскиот професор по историја Хрвоје Класиќ истакнува дека едната од овие две приказни е вистинита, додека другата е целосно измислена. Ако патот ве однесе до Белград и одлучите да ја посетите Куќата на цвеќето, обрнете внимание на околните дрвја. Особено на дабовите.

Фото: ало.рс

Можеби ќе ве интересира:

Олдтајмер: Последниот мерцедес од придружбата на Тито