Што поседува Џони Деп: Цело село, три острови, 5 пентхауси

Екстравагантниот начин на живот на Џони Деп е фасцинантен, според некои неодамнешни извештаи

Откако поднесе тужба против неговите поранешни деловни менаџери во износ од 25 милиони долари за измама и проневера, овој актер сега добил контра-тужба од нив, а тие тврдат дека актерот водел екстравагантен и екстремен живот.

Овој пат ви ја претставуваме неверојатната недвижност и јахтата што тој ги сакаше, изгуби и чуваше во текот на неговата кариера.

Неговите поранешни менаџери го убедиле да продаде некои од неговите имоти за да има доволно пари за неговите месечни сметки, во износ од два милиони долари. Еден дел од тие сметки беше одржувањето на јахтата „Амфитрит“, на која потроши осумнаесет милиони долари.

Според менаџерите, Деп не можел да си го дозволи месечното одржување што го потпишал за оваа јахта во износ од 350.000 долари. Тие успеаја да го убедат да ја продаде оваа јахта, а во 2016 година ја купи познатата авторка Џеј Кеј Ролинг, која ја стави на продажба само осум месеци подоцна. Денес, таа јахта е достапна за купување по цена од 19,3 милиони долари.

Некои од екстравагантните нешта на Деп сè уште се во негова сопственост. На пример, тој е сопственик на едно село на југот на Франција, кое во моментов е достапно за купување преку аукциската куќа Кристи. Имотот се наоѓа во близина на Сен Тропе, а на самиот список се наведува дека цената е достапна на барање. Деп инвестираше околу единаесет милиони во реставрацијата на зградите во ова село, кои датираат од XVIII век. Има главна куќа, шест гостински куќи за коли и ресторан. Вкупно, тука има петнаесет спални и четиринаесет бањи, а има и два базена и студио за сликање.

Деп поседува и три острови на Бахамите, кои ги купи за 5,35 милиони долари, со шест различни плажи.

Сепак, според неговите менаџери, најекстравагантна градба е пет пентхауси во иста зграда во Лос Анџелес. Сместени се во познатата арт деко зграда, Источна Колумбија. Деп ги купи овие станбени единици за 7,2 милиони долари.

Првично, овие пентхауси се продадоа заедно за 12,78 милиони долари, а сега се достапни и поединечно. Два беа продадени минатата есен по цена од 3 и 2,5 милиони долари, додека останатите три се уште се достапни за купување по цена од 1,8 до 2,5 милиони долари.

Потоа, тука се петте куќи што Деп сè уште ги поседува на Холивуд Хилс, а заедно вредат 19 милиони долари. Според некои извори, Деп планирал да изгради тунел за да ги поврзе.

Се чини дека славата е дефинитивно придружена со екстравагантен начин на живот. Барем така е случајот со овој славен актер кој сега и нема толку пари бидејќи во неодамнешниот судски спор со понарешната сопруга, му се заканува поделба и на имот и на пари.