Што рече Новак Ѓоковиќ за Тоше Проески?
Кога легенда зборува за легендата...
Сите знаеме кој ден е денес. Во нашата колективна меморија е врежан споменот, тагата по него, непреболот, неговата насмевка, гласот, добрината, песните....
И по 13 години откако си замина, Тоше Проески живее во нас. А, и големите имиња како што е тенисерот број 1, Новак Ѓоковиќ не го забораваат.
Во една прилика Ноле изјави дека едвај чека да ја отпее песната „Зајди, зајди“ со македонските фанови.
„Сакам да ја посетам Македонија и да ги запознаам фановите во оваа земја. Ќе дојдам наскоро. Му посакувам се најдобро на македонскиот народ. Се надевам дека наскоро ќе ги видам моите обожаватели од Македонија и ќе се дружиме и ќе ја пееме заедно Зајди, зајди" рече и додаде дека честопати ги слави своите победи пеејќи македонски песни.
Српскиот тенисер истакна дека ги сака сите песни на трагично починатиот Тоше Проески.
"Она што го направи Тоше е историја. Тој е легенда, кој за жал повеќе не е со нас. Неговите песни масовно се слушаат. Тоше беше фантастичен и неговите песни оставија свој белег на овие простори", гласеа зборовите на легендата за легендата.