Што се случува со Струмичката фонтана? Сапуница извира од неа

Граѓаните на Струмица утрово ги затекна чуден призор во центарот на градот.

Жителите, при одење на своите работни места застануваат на булеварот „Маршал Тито“, во центарот на градот, одблизу да видат што се случило со фонтаните. 

Според фотографиите коишто ги објави ТВ Канал ВИС, од нив извира сапуница. 

Ова не се гледа секој ден, а граѓаните изненадени, под фотографиите коментираат дека синоќа до доцна вечерта фонтаните биле во ред, биле нормални, полни со вода. Утрово сликата е сосема поинаква. 


Фото: Фејсбук ТВ Канал ВИС

Можеби ќе ве интересира:

НЕОБИЧНО ХОБИ: Оценува клупи, го бара најсовршеното место