Змија каснала младо момче за пенисот: „Каснувањето било силно“ ВИДЕО
Сирапхоп Масукарат (18), тинејџер од Нонтабури, централен Тајланд, го доживеал кошмарното сценарио додека безгрижно седел на тоалетот во својот дом.
Млад човек бил каснат за пенисот од змија.
Страшниот момент се случил додека тој вршел нужда и си гледал во мобилниот телефон, а потоа наеднаш почувствувал страшна болка во пределот на гениталиите.
Тинејџерот погледнал кон тоалетот и го видел она што ниту еден човек не сака да го види – отворени вилици на питон на врвот на неговиот пенис. Питонот во тој момент го пуштил пенисот на момчето, но ужасот продолжил кога раната на змијата предизвикала крв да блика низ бањата и ВЦ школката.
Врескајќи и со панталоните околу глуждовите, Сирапхоп успеал да истрча од бањата, каде мајка му го смирила и брзо повикала брза помош која брзо го однела во болница. Младиот Тајланѓанец завршил со три конци на пенисот и антибиотска терапија за да ја убие секоја бактерија што би можеле да ја пренесат забите на питонот.
„Бев на тоалетот и неколку моменти откако седнав на тоалетот, почувствував болка во пенисот. Погледнав надолу и видов змија, а потоа насекаде имаше крв. Тоа беше мала змија, но нејиното каснување беше силно, се надевам дека мојот пенис ќе се закрепне“, изјави Сирапхоп за локалните медиуми.
Змијата поминала подобро од несреќниот тинејџер, бидејќи биле повикани спасувачи на животни кои успеале да го извлечат питонот долг 120 сантиметри од тоалетната школка, пред безбедно да го пренесат назад во дивината