Жена од авион снимила застрашувачка глетка која го преплаши цел свет: Еве за што се работи
Ниту надлежните органи не можеа да ја решат оваа мистерија.
Мишел Рејес уживаше во погледот на Њујорк, гледајќи го од прозорецот на авионот, кога нејзиното внимание го привлече „необичен цилиндричен предмет“. За среќа камерата на телефонот била вклучена, бидејќи тешко би докажувала што видела по полетувањето од аеродромот Ла Гвардија.
Мајката на едно дете прво мислела дека на прозорецот има некаква бубачка, но подоцна ја погледнала снимката и сфатила дека се работи за „летечки цилиндар“.
Таа ја контактирала Федералната управа за воздухопловство (FAA), како и Националниот центар за известување за НЛО, за да го пријави бизарниот случај, пишува Дејли Стар.
- Можеби претставуваше јавна безбедност, но за жал не добив никаков одговор - објасни таа.
Мишел му го покажа видеото на својот татко, поранешен припадник на американската морнарица, а тој остана збунет. Тој ја отфрли идејата за беспилотно летало, бидејќи не би било дозволено да лета толку блиску до патнички авион.
Подоцна дознала дека друг патник видел неидентификуван летечки објект.
Светските медиуми објавија за бизарниот настан кој го коментираше и експертот што го истражува феноменот НЛО Бен Хансен.
- Не најдовме докази дека Мишел го лажирала ова или измамила луѓе. Се има таму, што е невообичаено – истакна тој.
Засега останува нејасно што жената снимила на небото над Њујорк, а приказната поттикна различни теории на социјалните мрежи.