Шварценегер си нема гајле: По операција на срцето, веќе вози супер камион

Кога Терминаторот ќе каже дека е добар, се качува во супер камион и оди во акција. 

Актерот Арнолд Шварценегер не е многу далеку со ликот од филмот Терминатор во приватниот живот. Иако пред десетина дена имаше операција на срцето, сега го фатија како вози автомобил низ Лос Анџелес како ништо да не се случило.

Се чувствува топ, нема компликации, во врвна форма е и нема гајле.

Бројните обожаватели напишале дека сега им е полесно кога знаат дека холивудската легенда е добра, а на објавата реагирал и неговиот син Патрик. Тој напишал дека го молел својот татко да не оди веднаш во теретана, туку да обрне внимание на сè што ќе му речат лекарите.