Си направи куќа на дрво во планина: Но не било каква, оваа е фантазија

Дали мислите дека е невозможно да го живеете вашиот сон? Мајк Бејсик ќе ве убеди во спротивното! „Живеј го твојот сон“ најчесто е излитено клише кое ретко се користи бидејќи повеќето луѓе не се во позиција да ги остварат своите соништа. Сепак, овој човек навистина го живее животот што отсекогаш го посакувал.

Тој изградил мала куќа на четириесет хектари во планина во областа на градот Truckee во Калифорнија, која може да ја „префрли“ од место до место со помош на камион.

Поранешниот сноубордер ја напуштил својата огромна, удобна и модерна куќа од 225 метри квадратни за да ужива во природата и прекрасните пејсажи.

Исто така, оваа планина е многу често покриена со снег, па Мајк може да борда секој ден.

Придружуван е од верен пријател, прекрасно куче, кое во исто време е и негов единствен придружник. 

Истражувањата во Америка покажаа дека околу 180.000 луѓе во САД секоја година го напуштаат современиот свет и одат на планините во потрага по едноставен, природен живот.

извор:beograd.in