Силк Роуд Банка: Навиваме заедно со American Express за Македонија на ЕУРО 2020

Имајќи предвид дека се ближи историскиот прв натпревар на фудбалската репрезентација на Македонија на европските првенства, Силк Роуд Банка за корисниците на American Express картичките спроведува промотивна кампања со 10% поврат на средства со сите направени трансакции со картичките во ресторании кафе барови, односно угостителски објекти во државата.

Имено, со секоја трансакција во угостителски објект со кредитните картички American Express Green или American Express Gold, на денот кога настапува македонската фудбалска репрезентација, корисниците добиваат неверојатни 10% поврат на средства („cashback“)*.

Деновите кога овој промотивен поврат на средства ќе важи се следниве:

-13 јуни (недела):Австрија – Македонија

-17 јуни (четврток):Украина – Македонија

-21 јуни (понеделник):Македонија – Холандија

Да навиваме и да се радуваме заедно на успесите на македонската фудбалска репрезентација на историскиот прв настап на европските првенства во фудбал!

По повод европското првенство кое започнува денес со натпреварот помеѓу Турција и Италија, во периодот кој следи Силк Роуд Банка ќе продолжи со нови изненадувања за корисниците на American Express картичките.

Повеќе информации за American Express картичките на Силк Роуд Банка може да погледнете на следниов линк.

(*) Максималниот износ за кој што важи промотивниот поврат на средства е до 15.000 денари од трансакција.

ПР објава