СИЛК РОУД БАНКА со донација за КАРИЛ – Поддршка за здравствениот систем и хероите во бело

Во духот на општествената одговорност и грижата за заедницата, СИЛК РОУД БАНКА донираше два современи пациент монитори на КАРИЛ – Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување, една од најважните здравствени установи во земјата која секојдневно се грижи за животите на најтешко болните пациенти.

Со оваа донација, СИЛК РОУД БАНКА сака да изрази искрена поддршка и благодарност за хуманата и неуморна работа на лекарите, медицинските сестри и целиот персонал на КАРИЛ, кои се вистински херои во борбата за човечки животи.

„Веруваме дека секоја инвестиција во здравството е инвестиција во иднината. Нашата цел е да придонесеме кон создавање подобри услови за лекување и уште еднаш да покажеме дека хуманоста, солидарноста и поддршката се темелите на кои ја градиме нашата работа и нашето присуство во општеството,“ изјавија од СИЛК РОУД БАНКА.

Донацијата е дел од пошироката стратегија на Банката за општествена одговорност, која активно поддржува значајни општествени иницијативи и проекти со позитивно влијание врз заедницата и иднината на нашето општество.

СИЛК РОУД БАНКА ќе продолжи да вложува во вистинските вредности – заедништво, грижа и надеж.