Силк Роуд Банка со јубилеј 28 години од основањето
Силк Роуд Банка АД Скопје е поранешна Алфа Банка АД Скопје, која беше целосно преземена од страна на швајцарската компанија, Силк Роуд Капитал, во месец мај 2016 година.
Банката е основана во 1993 година под името Кредитна банка АД Скопје како една од првите банки со приватен капитал во Македонија.
Пресвртот на Силк Роуд Банка, кој започна во мај 2016 година беше исполнет со многу предизвици и очекувања. Банката продолжува во иднина со стратегијата на раст и експанзија преку својата веќе докажана деловна стратегија на креирање на производи и услуги согласно потребите и барањата на клиентите, стратегија ориентирана кон новите текови на банкарско работење, подобрување на постојните производи и воведување иновации, при тоа истовремено потврдувајќи го своето реноме на модерна и динамична eвропска банка.
Заедно сме од самиот почеток.
Заедно продолжуваме кон нови предизвици и напредок, затоа што ние од Силк Роуд Банка веруваме дека тоа е вистинската формула за успех.
Сигурност. Поддршка. Раст.
Силк Роуд Банка - 28 години со Вас – Заедно растеме