Силк Роуд Банка со нови промотивни услови за кредитите за физички лица

Силк Роуд Банка АД Скопје ги продолжи промотивните услови за кредитните производи за физички лица. Сите кредити на Банката за физички лица до 31.12.2021 година се без административни трошоци за исплата и без трошоци за проценка на имот за хипотекарните и станбените кредити.

Сите заинтересирани клиенти за продуктите на Банката, можат да аплицираат за потрошувачки и хипотекарни кредити со фиксна каматна стапка почнувајќи од 4.9% за првите три години, односно фиксна каматна стапка од 3.5% за првите 10 години за станбени кредити.

Промотивните услови важат и за продуктот “Еден за Се” кој е специјално наменет за рефинансирање на кредитни обврски од други банки или финансиски инстуции и со можност за подигнување и на дополнителни средства согласно со потребите и барањата на клиентите.

Со промотивниот период без административни трошоци за исплата се опфатени и потрошувачкиот кредит „Направи пауза“ единствен од таков тип во земјава кој нуди можност за пресконување на месечната рата од отплатата на кредитот без тоа да влијае на кредитниот рејтинг на клиентот, како и кредитот „Мајка“ кој е наменет за сите жени родители на дете/ца до 6 годишна возраст.

Повеќе информации за новите промотивни услови на банката сите заинтересирани можат да добијат на веб страната https://www.silkroadbank.com.mk , во некоја од експозитурите на Банката или на профилите на социјалните мрежи.

ПР објава