Силк Роуд Банка со признание од VISA за издавањето на првата бизнис припејд картичка во државата

Силк Роуд Банка АД Скопје доби признание од VISA по повод лансирањето на првата VISA Business припејд картичка во државата наменета за компании.

Mинатата година беше лансирана првата VISA припејд картичкa за правни лица во државата како дел од успешната соработка во изминатата година помеѓу Банката и VISA.

VISA Business припејд картичката за правни лица нуди олеснителна можност на компаниите во заштеда на време и пари со намалување на трошоците при обработка на платниот список, зголемување на ефикасноста на процесите во компанијата и промовирање на лојалноста на вработените. Картичката е со максимална вредност до 1.440.000 денари и е поврзана со трансакциската сметка на компанијата во Банката. Картичката може да се користи за бесконтактни плаќањa при подмирување на секојдневните службени трошоци на компаниите во земјата и странство, за подигнување готoвина од банкомати и за интернет плаќања, како и можност за одредување на дневен лимит за плаќања кои компанијата самостојно може да ги одреди и е без трошоци за годишна членарина.

Силк Роуд Банка упатува благодарност до VISA кои го увидоа потенцијалот за соработка со Банката во лансирањето на единственaта бизнис припејд платежна картичка на домашниот пазар.

ПР објава